НБМ усвои стратегиски план за наредните три години

Bez autora
Jun 07 2012

Стратегискиот план на Народната банка за периодот од 2013-2015 година со кој се утврдуваат најважните цели на банката, усвоен е во четвртокот од страна на Советот на НБМ. Со стратегиското планирање се зајакнува управувачката функција на НБМ и започна да се применува на почетокот на 2012 година, а Планот ќе се остварува од почетокот на 2013 година. Стратегискиот план ја дава стратегиската визија на банката за наредниот тригодишен период и претставува основа за подготовка на насоките за работа. Советот ја усвои и Програмата на истражувачката дејност во периодот од 2013 до 2015 година, со која се дефинира основните истражувачки области од интерес за централната банка. Се очекува дека истражувањата предвидени за следниот тригодишен период ќе придонесат во процесот на одлучување, а ќе послужат и за поуспешно функционирање на НБМ и навремено согледување на идните предизвици.

НБМ усвои стратегиски план за наредните три годиниСтратегискиот план на Народната банка за периодот од 2013-2015 година со кој се утврдуваат најважните цели на банката, усвоен е во четвртокот од страна на Советот на НБМ.

Со стратегиското планирање се зајакнува управувачката функција на НБМ и започна да се применува на почетокот на 2012 година, а Планот ќе се остварува од почетокот на 2013 година. Стратегискиот план ја дава стратегиската визија на банката за наредниот тригодишен период и претставува основа за подготовка на насоките за работа.

Советот ја усвои и Програмата на истражувачката дејност во периодот од 2013 до 2015 година, со која се дефинира основните истражувачки области од интерес за централната банка. Се очекува дека истражувањата предвидени за следниот тригодишен период ќе придонесат во процесот на одлучување, а ќе послужат и за поуспешно функционирање на НБМ и навремено согледување на идните предизвици.

На седницата извршена е промена начинот на вршење на супервизија и надзор, со што се уредуваат постапката, начинот и роковите за информирање во врска со утврдените наоди од спроведената контрола меѓу НБМ и друштвото за ревизија на банката.

Со одлуката се уредува постапката за вршење супервизија и надзор на работењето на лицата поврзани со банката, на другите лица во банкарската група и на друштвото за помошни услуги на банката. Со новата одлука се овозможува спроведување контроли по потреба, со кои ќе се овозможи прибирање, обработка и анализа на податоците потребни за извршување на функциите на НБМ, се вели во соопштението.

Извршена е и измена на одлуката за сметководствениот и регулаторниот третман на преземените средства врз основа на ненаплатени побарувања, рокот во кој банките треба да извршат намалување на вредноста на средствата преземени врз основа на ненаплатени побарувањата (т.н. „haircut“) се продолжи за 5 години.

Притоа, намалувањето на вредноста на овие средства ќе се врши во висина од најмалку 20% годишно, а на крајот на петтата година, доколку банката не успее да ги продаде, ќе ја сведе нивната сметководствена вредност на нула. Првото намалување на вредноста на преземените средства ќе се изврши најдоцна до 1.1.2013 година. На 31.3.2012 година, средствата преземени врз основа на ненаплатени побарувања претставуваат 2,1% од вкупната актива на банкарскиот систем.

Советот донесе и одлука за начинот и постапката на известување за трансакции со нерезиденти, којашто претставува дел од мерките на НБМ за намалување на товарот врз известувачите.

Со одлуката се предвидува да се премине кон електронско известување за трансакциите преку сметките во странство и евиденциските сметки, што ќе придонесе за зголемување на квалитетот на добиените податоци, скратување на времето потребно за обработка на податоците и рационализација во работењето на Народната банка.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik